Политика за приватност

Последно ажурирана на: 

 

Ви благодариме што покажавте интерес за Prohigiena.mk, администрирана од Primatex (во натамошниот текст: Primatex ) како Контролор на лични податоци и платформата ВЕНДОР  како заеднички контролор на лични податоци.

Primatex посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба. Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност. Ве информираме дека можете да го посетите нашиот веб-сајт и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашиот веб-сајт се обработуваат во согласност со Законот за  заштита на личните податоци.

Основни поими и Лични податоци кои ги обработуваме:

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификување на физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

„Субјект на личните податоци“ е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

„Ограничување за обработката“ на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

„Псевдонимизација“ е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување; 

„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

„Нарушување на безбедност на личните податоци“ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат;

„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице;

Prohigiena.mk не ги собира твоите лични податоци од посебни категории, освен ако истите не се доброволно стигнати до нас.

 

Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци. 

ВЕНДОР, како заеднички контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку овој веб-сајт. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет. Повеќе за Политиката на приватност на Вендор- прочитајте тука

Лични податоци што ги собираме и обработуваме

Личните податоци што ги собираме, обработуваме и складираме се како што следува:

-Име и презиме;

-Адреса на живеење/адреса за испорака на производите и достава на фактури (улица и број, поштенски број и место);

-Адресата од која се подига производот (во случај на враќање на производот);

-Е-mail адреса;

-Број на мобилен/фиксен број;

други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на платформата.



За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. 

Во име на компанијата Prohigiena.mk (понатаму “контролор”) се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. 

Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности.

Сите вработени во Prohigiena.mk кои имаат пристап до личните податоци се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

Податоците ги чуваме и обработуваме врз принципот на законитост, правичност и транспарентност за конкретни, јасни и легитимни цели. Дополнително, собираме единствено минимален обем на податоци кои се потребни за целта на обработката.

Личните податоци ги обработуваме на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички и организациски мерки.

Бришење, повлекување или промена на податоци

Корисникот има право во секој момент да поднесе приговор до Контролорот на личните податоци и да побара корекција на неточни податоци, ограничување на обработката на лични податоци, како и бришење на лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. После бришење на личните податоци, истите се анонимизираат и не постои опција да се вратат назад.

Корисникот може и во секој момент да изјави дека ја повлекува согласноста неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на Prohigiena.mk

Останати податоци

Покрај погоренаведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Колачиња

Prohigiena.mk користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. Cookie е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Cookies не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на тнр. сookies е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

Време на чување на податоци

Сите податоци на купувачите (корисниците) се чуваат на безбеден веб сервер на https://aws.amazon.com/  и се бришат исклучиво по барање на самите купувачи за бришење на нивните кориснички профили. Откако ќе се избришат, податоците се анонимизираат. 

Земете во предвив откако податоците еднаш ќе се анонимизираат истите не може да се вратат назад.   

Повеќе за безбедноста која https://aws.amazon.com/   ја нуди може да прочитате тука: 

https://aws.amazon.com/privacy/    

 

 

 

Вашите права 

Доколку сте регистрирани на нашата електронска продавница за добивање производи и услуги од Prohigiena.mk, врз основа на писмено барање имате право:

– Да бидете информирани кои категории лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на Вашите лични податоци,

– Да пристапите до Вашите лични податоци,

– Да ги дополните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка,

– Да ги дознаете корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени Вашите лични податоци,

– Да дознаете други информации за Вашите лични податоци согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и другите важечки прописи од областа на заштита на личните податоци.

Корисникот има право во секој момент да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци доколку смета дека обработката на неговите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Доколку сакате Вашите податоци да бидат коригирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса:

********************

Согласност и промена на условите

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Prohigiena.mk се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.

Доколку имате било какви прашања, предлози или барања поврзани со собирањето и обработката на Вашите лични податоци, во секој момент може да го контактирате и Офицерот за заштита на лични податоци.

 

Офицер за заштита на лични податоци

Име и презиме

Телефонски број: +389 7* *** ***

e-mail: 

 

Контролот на лични податоци

Primatex

Улица: 

Телефонски број: 

e-mail:


Заеднички контролор на лични податоци

www.vendor.com.mk 

e-mail: [email protected] | [email protected] 

Друштво за програмирање, веб дизајн и трговија ВЕНДОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје

 

Активностите на обработка поврзани со online услугите достапни преку нашата електронска продавница, се извршуваат од страна на нашиот технички персонал одговорен за овие услуги или останати лица задолжени за извршување на активностите. Активностите за обработка поврзани со нашите услуги се извршуваат од страна на нашите вработени, согласно нивните работни задолженија, по принципот “треба да се знае“.

Собраните лични податоци се обработени во согласност со одредбите од позитивните прописи од областа на заштита на личните податоци.

 

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.